Наслов

По првиот ден на одржувањето на MTP Tennis Open 2013

По првиот ден на одржувањето на MTP Tennis Open 2013, првиот носител Димитар Грабул без никакви проблеми го совлада Тарик Мекич 6-1/6-1.

По првиот ден на одржувањето на MTP Tennis Open 2013, првиот носител Димитар Грабул без никакви проблеми го совлада Тарик Мекич 6-1/6-1. Останатите носители без посериозни проблеми напредуваа до второто коло т.е. четрвртфиналето. Најголемо изненадување во второто коло го приреди Бојан Јанкуловски кој го елиминираше фаворитот Шендрит Деари (4ти носител) со 6-3/3-6 и 10-7 во супер тај брејк во третиот сет!

Предраг Русевски сепак не беше во можност да настапи и се повлече во последен момент од турнирот поради повреда на коленото, оставајќи го Илија Мартиновски во можност да се сретне со Димитар Грабул веќе во полуфиналето. Четвртфиналните мечеви како и дубл мечевите ќе бидат на програмата денес со почеток во 09 часот!

03 Октомври 2013

За авторот