Пливање околу Британија за 157 денови

Човекот е неверојатна машина која е способна за многу повеќе од вообичаените напори на секојдневието. Запознајте го Рос Еџли, човекот кој ја заобиколи Велика Британија со пливање.

Рос Еџли е првиот Британец но и првиот човек воопшто кој успеал да направи круг околу Велика Британија и тоа со пливање. За остварување на овој неверојатен подвиг нему му биле потребни 157 денови поминати во секојдневно пливање. Ако се прашувате колкава е вкупната дистанца, таа е идентична на растојанието од Лондон до Москва, односно вкупно 2865км.

Во текот на пливањето Рос пливал 12 часа секој ден и внесувал помеѓу 10,000 и 15,000 калории дневно кои најчесто доаѓале од јаглехидрати и тоа пица, пудинг од ориз, паста и вкупна бројка од 610 изедени банани, како и 314 лименки енергетски пијалок. Сето ова доаѓало од еден обичен катамаран на кое го поминувал времето за одмор и во кој бил придружуван од трочлената екипа која го следела во оваа авантура.

Овој апсолутен рекордер по бројот на континуирани денови поминати во пливање на отворено море може исто така и да се пофали со тоа што во вкупно 23 недели поминати во вода. Во текот пливањето морал да се справи со околу 37 напади од медузи, инфекција на вратот и јазикот и сериозна повреда на рамото.

Откако завршил со пливањето и излегол од водата Рос изјавил дека во главата му била мислата дека ќе протрча на плажата како актер од серијата „Чувари на плажата”, но наместо тоа тој само имал чувство дека ќе се струполи на подот со лицето.

За овој дипломец од Универзитот Лоуборо, животот по дипломирањето очигледно е една голема авантура. Во последниве неколку години тој успеал да искачи јаже во со вкупна висина како Монт Еверест, да истрча еден цел маратон притоа влечејќи Мини, како и да преплива 100км на Карибите за само 32 часа но притоа приврзан заедно со труп (дрво) тежок 45 килограми.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија