Планинарски предизвик 12 врови – сезона 2017/18

Втора година по ред, планинарскиот караван наречен „12 Врвови” во текот на една година носи бројни македонски љубители на природата на некои од ретко посетените планински врвови низ Македонија. Сезоната 2017/18 броеше и повеќе од 12 посетени врвови, со преку 560 предизвикувачи и безброј изодени патеки. Уживајте…

 

Врвовите Плавник на Даутица, Зајачница на Сува Планина, Гоглин на Козјак, Бачилски Камен на Кораб, Канеш на Стогово, Радуч на Јабланица и Трпезница на Шар Планина иако се познати и посетени од планинари, досега не биле искачувани на помасовни организирани акции од планинарско друштво.

На 4 тури се спроведени пошумувачки акции каде се засадени над 500 зимзелени садници. Во рамки на акциите се посетени следните природни и културни знаменитости и реткости: Бозгунова Пештера, Светла (Ледена или Здравевска) Пештера, Драчевска Пештера, природните леднички езера на Кораб: Бачилско, Бабино, Средно и Долно Корапско Езеро и езерото Маруша на Стогово, водопадот Длабочица и „безимените” водопади-лонци Маѓутезе над Тануше на Кораб, големите извори Девојкина Вода на Јабланица над Модрич, реткиот карпест облик Вртена Скала, вештачките Подлешко и Отошничко Езеро, мувајдното растение Drosera Rotundofolia, ископните на древниот антички македонски град Пелагон(ија/еа/ида) и античката македонска гробница кај Бонче, Чичевскиот манастир Св. Архангел Михаил, средновековната црква Св. Ѓорѓи во Градовци каде е посетен и Извидничкиот дом.

Предизвикот „12 Врвови” е организиран и реализиран со заеднички напори на  Планинарско Друштво Трансверзалец, Единствена Македонија и Алгасан.