Планинарски марш „Карпалак 2014“

Планинарски марш од Прилеп до Карпалак

Во чест на загинатите Прилепски Бранители во 2001 година

 

За првпа,  група од планинари од Прилеп самоиницијативно изведоа планинарски марш во времетраење од три дена , на релација Прилеп – Карпалак , во чест на загинатите прилепски бранители. Маршот започна од Прилеп преку Солунска глава се спуштивме на Бегово поле и спиевме во пл.дом „Караџица“. Временските услови  до 14 часот беа супер за пешачење во планина, некаде магла, облачно време без јако сонце, потоа почна силно невреме со грмотевици и град но за среќа сигурни пристигнавме во Караџица, каде бевме добро пречекани со топло чајче.

 

Домот е добро уреден, има доста доволно место за спиење, а при добро време погледот од таму е прекрасен. Домот се наоѓа на планината Мумџица, која е составен дел на планинскиот масив Јакупица. Планинарскиот дом се наоѓа на 1450 м.н.в. Наредниот ден рано се разбудивме и во 6 часот го напуштивме домот и по колкси, широк пат поминавме низ селото Алдинци се спуштивме кон Кадина Река и потоа накај селото Цветово.

Селото го оставаме од наша лева страна и се спуштивме во Марков Манастир каде а моравме да направиме мала пауза и да се изладиме во Маркова река. Од Марков Манастир поминацме  низ селото Маркова Сушица и потоа се упативме по асфалтен пат накај селото Говрлево, па потоа поминавме низ селото Св. Петка, се искачивме на сртот и конечно наидовме на планинарската патека од Водно до манастирот св.Никола Шишевски, каде што требаше да преноќиме.

Во манастирот пристигнавме во 20:30 часот. Со радост не пречека Зоки, кој од 1990 е домајќин на манастирот и заедно со својата жена го возобнови и преуреди манастирот. Муабетевме со него, ни раскажуваше како спасувал планинари кој се повредиле или загубиле на Матка, ни разкажа и за тоа дека манастирот го посетувале познати доктори, спортисти, амбасадори и многу други видни луѓе. Муабетот ни одеше добро но бевме исцрпени и моравме да спиеаме.

Третиот ден тргнавме од манастирот во 5 часот , бидејќи моравме да стигнеме на церемонијата на Карпалак во 09:30 часот. Се спуштивме на Долна Матка поминавме низ селото Глумово и излеговме на автопатот Мајка Тереза ( Скопје – Тетово ). По асфалтот одевме 15 km , и тоа ни беа најтешките 15 километри од цела маршута. Пристигнавме на спомен плочата во 10 минути пред започнувањето на церемонијата. Бевме среќни што се` добро се заврши. Положивме цвеќе, им оддадовме почит на загинатите и со автобус се вративме во манастирот Св. Петка во село Лениште – Прилеп , каде што имавме ручек.

НЕКА ИМ Е ВЕЧНА СЛАВАТА !!!