Планинариме во хуманитарни цели – за поддршка на пациенти и семејства со ретки болести

Планинарите Миленка, Васко и Христифор во хуманитарна мисија ќе искачат 11.983 метри на Елбрус и Алпите собирајќи по 2 денари од искачен метар за поддршка на семејствата со ретки болести

Здружението за ретки болести ЖИВОТ СО ПРЕДИЗВИЦИ веќе неколку години одржува линија за помош на пациенти и семејства со ретки болести. Здружението е отворено за медицински професионалци, медицински научници, волонтери и поддржувачи кои сакаат да се застапуваат за подбрување на квалитетот на живот на пациентите и семејстватата
со ретки болести.

Со цел да ја продолжиме успешната работа, собираме финансиски средства за наредната година за да сме во можност да ги поддржиме семејствата со ретки болести.

Во месец јуни, јули и август, имаме акција за искачување, каде што група на планинари Миленка Шаровиќ, Христофор Саракинов и Васко Русевски ќе искачат вкупно 11.980 метри.

Искачувањата ќе бидат на Елбрус (највисокиот врв во Европа), Триглав (највисокиот врв во Словенија), Гросглокнер (највисокиот врв во Австрија), Пунта Пениа (Италија) и Цугшпице (највисокиот врв во Германија).

Од голема помош ќе биде доколку ја помогнете акцијата со 2 ден. од 1 искачен метар и ги поддржете децата со ретки болести и нивните семејства.

Донацијата се реализира во број на метри по ваш избор. 

Име на банка: НЛБ Тутунска банка, АД Скопје

Адреса на банка: Водњанска 1, 1000 Скопје, Македонија

Сметка на банка за трансакција: 210 0649841801 71

Е-маил

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија