Природата те очекува

Наслов

Планинарењето е причина повеќе за активност во природа

 Во својата најосновна дефиниција планинарењето е едноставно одење за рекреативни цели. Планинарењето за човекот во денешно време е најздрава физичка активност која се одвива во природа.

А добро резиме за тоа е: "Во планинарењето, патувањето е поважно од дестинацијата". Планинарењето може да биде вашата прошетка во текот на викендот низ најблиската шумичка или тоа би можело да биде експедиција преку некој планински венец кој претставува вистинско задоволство.

Ако сте во можност да ja ставите една нога пред другата, тогаш сте во можност да одите и да уживате во вашето патешествие низ планина. Планинарењето може да се смета како почетна точка за учење вештини за опстанок во природа, кампување, алпинизам, навигациски вештини, како и варијација на други техники.

Планинарењето претставува релаксација од психичките напори што човекот ги доживува на работното место и градските бучави предизвикани со брзото темпо на животот. Да се бави со планинарење, значи да се запознаат убавините на татковината, да се збогатуваат чувствата. Тоа бара од човекот и одредени напори, кои не претставуваат опасност за организмот туку напротив развивање и збогатување на физичката активност.

И за крај драги читатели топло ви препорачувам да не губите време туку да ги подготвите вашите удобни обувки и да се препуштите на незаборавна авантура во најблиската живописна шума.

19 Април 2015

За авторот