Наслов

Петте критични грешки кои се прават на снегот

Бидејќи зимската сезона е во полн ек, сакаме да споделиме едно добро видео кое преку пет вистински животни приказни опфаќа едни од најчестите превиди кои ги правиме на снегот, а кои, честопати, знаат да завршат со сериозни последици. Планините нè повикуваат, но бидете сигурни дека сте целосоно спремни да одговорите на нивниот повик. 

25-минутниот документарец Five Critical Mistakes ги опфаќа животните приказни на пет љубители на зимските спортови кои завршуваат со тешки телесни повреди во различни несреќи. Поуките кои се разработуваат од овие несреќи се едни од фундаменталните правци кои мора да се почитуваат кога во прашање е безбедното скијање и бордање. 

1. БРЗИНА 

2. „ОДЕЊЕ ВО СЛЕПО”

3. СПУШТАЊЕ НА ГАРДОТ

4. ПОЗНАВАЊЕ НА СВОИТЕ МОЖНОСТИ

5. ЕГО ВС. ИНТУИЦИЈА 

Во сличен стил беше изработен и документарецот Know Before You Go кој ја разработува темата на лавинска безбедност во планините. Погледнете го тоа парче ТУКА.  

01 Декември 2016

За авторот