Персенк Ултра – Мирческа втора, останатите изгубени

Изминатиот викенд со старт во Асеновград и Орехово и низ повеќе различни патеки на Родопите во Бугарија, се одржа третото издание на еден од поголемите планински ултрамаратони во Бугарија. Екипата на TREX и Македонија настапи со 9 натпреварувачи во сите три трки. 

Оваа година Персенк имаше три должини од 160км – Персенк Ултра, 110км – Диво Прасе Ултра и 50км – Орехово Ултра. Од нашиот тим учество на трката зедоа – Мери Мирческа, Александар Стојаноски и Михаил Стефанов на Орехово, Жикица Ивановски на Персенк и Игор Пирковски, Игор Јосифов, Игор Јовановски, Дејан Крле, Љубиша Андреиќ и Никола Цицоски на Дивото Прасе. 

Мери Мирческа на само една недела од нејзиниот триумф на Шарпланинскиот скајрејс успеа да се покаже во одлично светло и да го освои второто место во женска конкуренција после Христина Козарева од Бугарија. Михаил и Александар исто така имаа одличен настап на Орехово финиширајќи на шестото и деветото место. 

Останатите натпреварувачи од поголемите трки, пак, има интересни моменти во длабоките родопски шуми со повеќечасовни губења на маркацијата што на крајот резултираше со откажување на Жикица од трката на 160км, а останатите завршија со поголемо или помало задоцнување. 

Честитки за сите учесници и за заработеното искуство кое е навистина клучно во вакви трки. 

Минатата година Јовица Јованчев и Жикица Ивановски беа на делба за третото место на Пеерсенк Ултра 130К.

Автор

TREX

Скопје

Македонија