Патот до златото-интервју со Берат Јакупи

Берат Јакупи уште еднаш ја закити Македонија со злато, а последното се случи на Европското јуниорско карате првенство во Лисабон, Португалија. Повеќе од доволен повод да поразговараме со Берат. Младиот гостиварчанец кој со своите 20 години и неколку медали на големите натпреварувања зад себе, ветува светла иднина за карате спортот во Македонија.

Какви се првите впечатоци после освоеното злато?

Премногу сум задоволен за освоениот медал, многу напорно се подготвував за овој шампионат и мислам дека на крај се исплати целиот овој труд. Нормално дека чуството е убаво кога се искачуваш на пиедесталот но од друга страна и голема обврска за во иднина да се продолжи со истото темпо.

Колку борби претходеа и кој ти беа противници?

Севкупно беа пет борби, прво коло се борев со претставникот на Белорусија Курхан Димитру (6:1), второ коло против претставникот на Србија Урош Мијалкович (3:0), трето коло Словенецот Јуш Маркач (2:0), во полуфинале против претставникот на Франција Риоу Хадисон (8:1) и во финалето против домаќинот португалецот Рамос Хенрике (4:0)

Со оглед на тоа дека целиот тим кој ја претставуваше Македонија броеше 30 члена како се претставија другите и имаше ли изненадувања?

Генерално како карате тим на Македонија постигнавме добар резултат, со освоените едно злато и три бронзени медали се рангиравме на 11 место од 44 држави учеснички во овој шампионат, што претставува своевиден успех.

За тебе ова не е прво злато на големите натпреварувања со оглед на тоа дека го повторуваш успехот од минатото Европско првенство во Турција. Како ќе ги споредиш борбите, беше ли ова злато потешко да се освои?

Нормално дека е “полесно” да се освои прво место отколку да се одбрани истото, имајќи предвид дека се третираш како прв фаворит и нормално другите натпреварувачи единствената цел им беше  да ме победат мене, со тоа што во наредните борби ќе влегуваа повеќе мотивирани со желба за златото.

Член си на КК Фати од Гостивар, како почна со каратето и кој досега е најзаслужен за твојот подем и развој како каратист и натпреварувач?

Со каратето започнав во 2000 година, имаше карате семинар која се одржа во Охрид а се организираше од страна на албанската карате академија во Македонија предводена од проф. Бесник Мурати, кој можам слобно да кажам дека професорот е најголемиот “виновник” што јас денес сум во карате спортот, после тоа се запишав во карате клуб Фати во Гостивар предводен од мојот тренер и исто така селектор на репрезентацијата на Македонија за У21. Можам да истакнам дека до 2010 година бев целосно финансиран и подржан од мојот родител, но после освојувањето на второто европско злато во Измир работи отидоа кон друга насока…

На која возраст започна да настапуваш за репрезентацијата на Македонја и дали имаш и други позначајни успеси?

Прв пат за репрезентацијата на Македонија настапив во 2007 година на Балканското првенство што се одржа во Букурешт, а што се однесува до постигнатите резултати, секоја од нив има посебено значење и многу ми е тешко да се одвои која е позначајна, но ќе спомнат некои од освоените медали како што се : бронзен медал на светско првенсто У21 Гудалајара Шпанија 2013, петкратен Балкански првак, четири кратен Европски првак, медитерански првак во Кипар 2011, европски универзитетски првак 2013, Европска бронза за сениори во Будимпешта 2013.

Каква е иднината на каратето во Македонија и има ли доволно интерес пред се кај најмладите и каков е тренерскиот потенцијал за да извадиме уште поголем квалитет.

Убеден сум дека во Македонија каратето има светла иднина, имаме многу добра организирана федерација предводен од претседателот Стојаноски, човекот кој е спремен да направи се за овој спорт и нашата иднина како спортисти, имаме спремни и стручни тренери а што се однесува до најмладите каратисти можам слобно да кажам дека интересот е на највисоко ниво.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија