Наслов

Партнери во здравје

Иако бракот и партнерското живеење знае да биде извесна предиспозиција за дебелеење на двете странки, истото е во обратна конотација кога партнерите ќе одберат здрав животен стил. 

Новите сознанија на полето на партнерското вежбање и водење на здрав живот велат дека постигнувањето на овие цели се многу полесни кога се има поткрепата од вашиот партнер, ама не само логистичка, туку реална, со пот. Спротивно, потешки се шансите за „опстанок“ на здравите навики ако едниот вежба, другиот пие...

Исто како што и успехот во откажување од пушењето е зголемен кога двајцата партнери се откажуваат истовремено, и поддржувањето на други здрави животни навики како редовно вежбање и активности се многу полесни кога се прават во пар. Спортивно на ова, доакажано е и партнерското поддржување во екстремно лошите навики како уживањето во фаст-фуд храна, секојдневно пијуцкање алкохол и лежење по цели денови.

Во студијата која траела од 2002 година и следела 3,700 парови се покажало дека луѓето биле поактивни, ја контролирале тежината полесно и поефикасно се откажувале од цигарите кога и нивниот партнер ја бркал истата цел. 

Близу 70 проценти од паровите кои вежбале или биле на било каков начин активни заедно продолжиле да вежбаат, додека оние кои не биле поддржани од нивниот партнер во ова само четвртина продолжиле. Тие биле двојно подобри во слабеење кога тренирале заедно, а исто така биле 50 проценти поуспешни во откажувањето од цигарите. 

Испитувачите теоретизираат за причината на ваквата појава. Тие велат дека „потпората и делењето на истиот проблем со партнерот се најверојатно главните причини, а можеби во сето тоа да постои и доза на натпреварувачки дух.“

Еве еден наш македонски пример за поткрепа и партнерско живеење на здрав животен стил, а еве и друга анализа за тоа како ПОЛЕСНО СЕ ТОПИ СО ДРУГАРЧЕ

23 Јануари 2015

За авторот