Наслов

Паркур во Македонија

Што е паркур (Parkour)?

Паркур претставува брзо преминување на препреки и стигнување од една до друга точка користејќи го само човековото тело. Во практиката, спортистите вметнуваат елементи и од фриранинг (Freerunning) што е всушност делот со салтата и елегантните движења за целата изведба да изгледа поубаво.

Иако практикантите на паркур тренираат најчесто во групи, за да си помагаат еден со друг, ова е всушност многу индивидуална дисциплина во која секој напредува според своите можности и зависно од интензитетот со кој тренира.

09 Октомври 2013

За авторот