Пари да ми даваат.. море ќе се откажам пари ако ми даваат

Во обид да се натера човек да се откаже или да смени некои од лошите навики на подобро, парите односно митото се покажаа како многу добар стимулатор и катализатор на процесот. Ама воопшто не бевме зачудени!

Истражувањето на еден тим од научници од Њукасл дојде до резултати кои покажуваа дека луѓето се толку лесно „поткупливи“, со пари, што валутата може многу добро да се искористи како помошно средство за стимулација при откажување од некои лоши навики како пушењето.

Имено, резултатите од 16 студии кои беа правени на повеќе од 30000 пушачи низ Британија кои беа предизвикани да се откажат од пушење покажаа дека оние кои добиле некаква парична стимулација имале поголеми шанси да се откажат отколку оние што не добиле никаква награда за тоа. 

Една од студиите која беше правена во Данди покажа дека пушачите кои живеат во сиромашните делови имале 30% повеќе шанси да се откажат од цигарата доколку во текот на три месеци им биле давани по 12,5 фунти на неделно ниво. 

Друга пак студија во Шкотска, правена на бремени жени пушачи покажала дека ваквите стимулирања ја подобриле бројката за дури 50%, тука нормално, голем е и стимулот на самото дете што треба жената да го роди. 

  • „Луѓето кои беа дел од шемата со награда беше поверојатно дека ќе прифатат некоја од здравите навики, а ако продолжат тоа ќе значи плус за нивното здравје“ – вели Ема Жилс, една од истражувачите во проектот.

Од друга страна пак, Центарот за студии на алкохол и тутун при Британија вели дека во просек повеќе од 100.000 луѓе се откажуваат од пушењето на годишно ниво кога данокот на цигарите се покачува за 5 проценти. 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија