Пајаковата мрежа испробана од Моаб Манкис

Мајмуните од Моаб (Moab Monkeys) се спортисти и изработувачи на филмови, но пред сè, трагачи по адреналин на кои не им недостасува инспирација и реализација, а заштита како да не им е потребна кога изведуваат мајмунлаци на рачно изработена пајакова мрежа распространета на карпи високи 122 метри.

Секоја година околу денот на благодарноста во пустината Моаб, Јута се собираат авантуристи од целиот свет што сакаат да ја доживеат уникатната атмосфера од поинаков агол.

Но оваа година групата Moab Monkeys, поточно Енди Луис имаше една поуникатна идеја. Да си играат спајдермен без вештачки додадени ефекти, 100% вистински! За таа цел, изработија пајакова мрежа од растегливо јаже во форма на пентагон кое се протега на 186 квадратни метри и може да издржи 15 луѓе. На висина од 122 метри, Енди и неговите пријатели оделе по јаже долго 80 метри за да стигнат до пентагонот. По пристигнувањето, следело фрлање со падобран од центарот на истиот. Одлична забава што го прави животот на 90% од луѓето прилично досаден!:)

 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија