Комерцијален текст

Наслов

Падел тенис за прв пат во Македонија

Во месец август се отвори нова спортска содржина во склоп на СЦ Јане Сандански во Скопје. Падел тенис како за прв пат во нашата држава, спорт што лесно се учи, динамичен е и забавен, може да се игра соло и во двојки, а и топи доста калории. 

„Овој вид на тенис не е познат во Македонија. Очекуваме голем интерес и се надеваме дека со обезбедувањето на адекватни услови ќе придонесеме за развој на оваа спортска дисциплина во земјата. Паделот може да го игра секој, не бара посебни вештини како тенисот и во моментов сакаме да го доближиме повеќе до рекреативците" – изјави Директорот на СЦ Јане Сандански Надица Димовска.

Во изградбата на теренот учествувале експерти од Шпанија, а врвните искуства за овој спорт од таму на теренот на СЦ Јане Сандански ги пренесува познатиот шпански тренер за падел тенис, г. Давид Карлос Гомис Ибора. „Овде сум за да им помогнам на заинтересираните за овој спорт да ги совладаат потребните техники. Се надевам дека паделот ќе стане популарен како и во Шпанија." – изјави тој.

Овој спорт е измислен во Акапулко, Мексико, од Enrique Corcuera во 1969 година и е моментално најпопуларен во шпанско- американски земји, како што се Шпанија, Аргентина, Мексико но почнува да се шири брзо низ Европа и на другите континенти. Македонија се гордее што го има првиот ваков терен на Балканот.

Сите заинтересирани можат да закажат термин во кафетеријата на Тениспарк Скопје која што се наоѓа во склоп на спортскиот центар Јане Сандански.

02 Септември 2015

За авторот