Наслов

Овој викенд - болдеринг под маски - „Пластикман“

Во организација на СКК Вардар - Скопје, овој викенд во сабота на 28.12.2013 ќе се одржи предновогодишниот болдер натпревар - „Пластикман“ каде натпреварувачите, и рекреативни и професионални треба да бидат тематски маскирани. 

Новоформираниот клуб за спортско качување СКК Вардар се стреми за унапредување и промоција на спортското качување на природна и вештачка карпа и болдерингот во нашата земја.

Натпреварот во болдеринг - „Пластикман“ кој ќе се одржи викендов на новоотворената вештачката карпа во С.Ц. Борис Трајковски ќе започне во 12 часот и во него може да се пријават и рекреативци и професионални качувачи. Ќе се качуваат насоки со различна тежина за двете категории, а секој учесник ќе има неограничен број на обиди (во временската рамка) за искачување по што ќе се евидентираат бодовите и одберат победниците.

„Болдерманија“ во СЦ „Борис Трајковски“

Котизацијата ќе биде 100 денари, а секој натпреварувач треба да има маска каде темата на стилот на облекување ќе биде во 80тите години. Со ова, организаторите сакаат на интересен и несекојдневен начин да го доближат овој спорт до учесниците и гледачите правејќи го попривлечен за следење, а уште повеќе и за учествување. 

По натпреварот и доделувањето на наградите, качувачкиот караван продолжува во кафе бар „Простор“ каде симболично ќе се одржи избор на зимска качувачка убавица, а потоа останува место за дружба на сите учесници. 

Повелете!

25 Декември 2013

За авторот