Суперхероите од видеото за Параолимпијадата во РИО2016

Ако во последнава недела откако е искочено видеото успеавте барем еднаш да го погледнете истото и да останете со воодушевени од упорноста и духоот на безбројте параолимпијци низ светот, тогаш продолжете понатаму и запознајте дел од нив. 

Исклучително интересниот 3-минутен спот т.е. трејлер за Параолимпијадата која ќе се одржи овој септември беше изработен од Channel 4 за промовирање на настанот и спортската магија која не остава воодушевени кога во прашање се токму овие упорни спортисти. 

Видеото во текот на една недела беше прегледано на Јутјуб преку 1,800,000 пати, а во истото главни протагонисти се околу 140 параолимпијци, тимови, музичари и луѓе кои не се спортисти ни имаат некакви специјални потреби кои синхронизирано се вклопени во оркестарот кој пее „Да, јас можам”.

Од тапанар кој музицира со неговите нозе, до девојка која лета авион со истите екстремитети, преку слепи пијанисти и спортисти, видеото е вистински репрезент на можностите на човекот без разлика на сите оние маани кои можеме да ги имаме и носиме.

Видеото за Лондон 2012

За разлика од трејлерот за паралимпијадата во 2012 година каде фокусот беше на професионалните паралимпијци кои се силни, способни и спремни во секој поглед, тука идејата беше да се покаже дека сите луѓе со специјални потреби се и можат да бидат на свој начин суперхерои.

Подоле ви претставуваме дел од инспиративните приказни на некои од протагонистите од видеото

Алвин Ло, тапанарот

Алвин е Канаѓанец роден без неговите две раце кој денеска свири пијано, тромблон и тапани. Во неговата улога на видеото тој изјавил: „Овде не се работи за нашите недостатоци, туку за лудиот талент и способност со кои сите ние сме биле благословени.”

Бартек Осталовски, автомобилист

Осталовски е од Полска и ги има изгубено неговите раце во сообраќајка со мотор во 2006 година. Тој е спортски автомобилист кој управува со неговата лева нога, десната ја користи за педалите а брзини менува со буткање на помошен дел со неговото рамо. 

Џесика Кокс, пилот

Џесика е мотивациски говорник од Аризона а воедно и првата личност што лета авион употребувајќи ги само нејзините нозе. Таа исто така е и танчерка, има црн појас од трет степен во таеквондо и има факултет по психологија.

Ели Симондс, пливач

Симондс го освои својот прв медал на 13 години во 2008. Освои уште 4 на паралимпијадата во Лондон 2012 и сруши два светски рекорди. Таа е родена како џуџе поради состојба наречена ахондроплазија. 

Натали Блејк, дигач на тегови 

Натали ќе се натпреварува на нејзината петта паралимпијада во Рио 2016. Нејзиниот личен рекорд е 98 килограми поставен во Малезија оваа година. 

Тони Ди, пејач

Ди е од Квинсленд, Австралија и има состојба наречена спина бифида.

Хана Кокрофт, тркач со количка

Хана ги држи рекордите на 100, 200, 400 и 800 метри во оваа дисциплина. Има освоено 2 златни медали во Лондон. Таа доживеала два срцеви инфаркти на пораѓаи кои ја оставиле со деформитети во нозете и стапалата. 

Метју Филипс, качувач

Филипс кој има 15 години е член на тимот за пара-качување на Велика Британија. Тој е роден без едната рака (од лакт надолу), а сериозно започнал да качува од 2014 година. 

Еван Ругиеро, тап танчер

Левата нога на Еван му била ампутирана на 19-годишна возраст кога му дијагностицирале канцер на коската. Веднаш откако му била поставена протезата тој се вратил на танцувањето. 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија