Ова не е направено од НЛО

Симон можеби има вонземска имагинација, но останатото што му беше потребно за да ја направи оваа уметност на тазе паднат снег е доста земско.. Неговите дрезги (помагала за полесно одење по снег) и еден компас. 

Симон Бек е човекот кој има време стапка по стапка да си ја изгради оваа негова уметност на снежните полиња во Франција. Уште минатата зима тој извади некои негови слики на нет, а за оваа зима тој вети дека ќе продолжи со неговото хоби. Па еве некои нови ремек дела.

Инаку, она што искочи многу интересно барајќи некои информации на интернет во врска со статијава, е ова. Во интернет речникот на македонскиот јазик наидовме на поим „прт“ кој всушност значи пат направен во снег, множина: пртови. Искрено, ние прв пат се среќаваме со „прт“, и бидејќи има некаква врска со ова што овде е напишано и прикажано, додатно Ве информираме, за ако и вие не сте знаеле, да се запознаете.

Тоа..

 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија