Комерцијален текст

Медицински чорапи и хулахопки за венска компресија

Проширените вени создаваат главоболки на милиони луѓе во светот. Светската здравствена организација вели – секоја втора жена и секој трет маж го имаат ова заболување.

Генетиката оптеретува многу, доколку и двата родитела го имаат ова заболување, 80% се шансите дека ќе има манифестација и кај децата во текот на животот.
Многубројните медицински студии докажаа – ДА проширените вени можат да се превенираат.

Превенцијата се состои од едноставно редовно користење на компресивни чорапи и хулахопки, секако паралелно со останатите препораки за активен живот и здрава исхрана.

Изборот на соодветна компресивна чорапа е клучот за успешност на терапијата.
Секогаш треба да се внимава дали компресивната чорапа ја има медицинската градуирана компресија и одредувањето на големината да е од страна на едуциран медицински персонал.

Медикус Хелп ОРТОПЕДСКИ ПОМАГАЛА со цел да го штити и чува венското здравје постојано ја надополнува програмата за медицински чорапи/хулахопки за венска компресија која ги опфаќа сите класи, видови, бои и големини.

Светските брендови на чорапи и хулахопки застапени во понудата на Медикус Хелп се одликуваат со идеален спој на функција и естетика, што овозможува пациентот да се чуствува комфорно и здраво.