Организирано искачување на Рудока – Шар Планина

Овој викенд во организација на П.Д. Трансверзалец од македонска и HikingNjeri од косовска страна закажано е заедничко искачување на врвот Рудока на Шар Планина, пограничен врв со Косово и воедно највисок на нивно тло. 

Рудока е планина која влегува во состав на масивот Шар Планина, а нејзината највисока точка, врвот Голема Рудока изнесува 2658 м.н.в., се наоѓа на граница со Косово и воедно претставува највисок врв во оваа држава. 

Оваа година за прв пат се организира едно регионално и заедничко искачување од двете страни организирано од П.Д. Трансверзалец од македонска страна и HikingNjeri од косовската страна. 

Искачувањето е закажано за 10 август, а од нашата страна рутата тргнува по патот „Шарски Води“ преку Црно Езеро према селото Сенокос, откаде се пешачат 9,7 км со висинска разлика до 1300 м до врвот. Се пешачи цирка 4 часа во еден правец, а вода за пиење има на три локации, Војводина, Црно Езеро и Превој. 

Од косовска страна пак, организацијата за развивање на алтернативен туризам во Косово, HikingNjeri од Приштина прават дводневна екскурзија со кампување во планина на 09 август и искачување наредното утро. Пристапот од косовската страна оди преку селото Брод, а од базниот логор преку висорамнината Шутман до врвот Голема Рудока (Rudoka e madhe) има 11,5 километри пешачење.

Повеќе информации за искачувањето од македонската страна можете да најдете ТУКА

Повеќе информации за искачувањето од косовската страна можете да најдете ТУКА 

Фотографиите се превземени од HikingNjeri

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија