Наслов

Олимписка Анти-допинг едукација

Македонскиот олимписки комитет во соработка со Националните спортски федерации, Националната анти-допинг комисија и Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија, органзираа едукативно-информативни предавања во однос на најновите моменти од областа на допинг контролата.

Предавањата кои ги одржаа д-р Илија Стоилов, д-р Зоран Ханџиски, д-р Ели Ханџиска и Марија Спиреска беа насочени пред сè кон запознавање и подигнување на свеста на спортистите за допингот и последиците од допингот по здравјето на спортистите кои евентуално користеле или користат недозволени средства или процедури кои се на листата на забранети средства на Светската Анти-Допинг Агенција.

Остануваме на располагање за какви и да се дополнителни информации.

18 Март 2015

За авторот