Око за око, финале на светско за финале на светско

Дедо Санчо Белмонте од Рио во 1950 година по некоја случајност не го искористува билетот за финалето на Маракана, славните и за бразилците горчливи Уругвај – Бразил 2:1. 64 години подоцна тој го менува овој билет за билет за финале на ова Светско првенство.

 

Во 1950 година Жедир Санчо Белмонте не успеал да отиде на славниот натпревар со досега најголема посетеност на светот (≈200,000 гледачи), Уругвај – Бразил кој се играше на Маракана во Рио поради неговата болна мајка.

„Мојата мајка беше болна и јас не се чувствував пријатно да отидам на фудбалски натпревар, а тоа што не отидов беше добра одлука бидејќи Бразил го доживеа најтешкиот пораз.“ – вели Белмонте за Асошиејтед Прес.

64 години подоцна тој има намера да го донира ова парче уникатна фудбалска историја на ФИФА која што соодветно му возвраќа за малото парче хартија со три билети за овогодинашното финале.

Џером Валке, генералниот секретар на ФИФА изјави дека билетот е од непроценлива вредност за фудбалот и тој ќе биде изложен во музејот на ФИФА во Цирих кој треба да биде отворен во 2015 година.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија