Бразилското армадило Фуеко

Официјалната маскота на СП Бразил 2014

Бразил ја претстави маскотата за Светското првенство 2014 која беше карактеристично бразилски именувана од страна на мнозинството гласачки кумови.

Светските првенства досега имале какви не маскоти. Од лавови, детенца со разни дресови, портокали, халапењо пиперчиња , петли и леопарди. И како што е ред, секоја маскота која треба да биде репрезент и амбасадор на светското првенство треба да има нешто заедничко со државата домаќин Бразил за претстојното Светско првенство 2014 го избра армадилото и го крсти Фулеко.

ФИФА и Локалниот Организирачки Комитет го одбраа бразилското армадило (Tolypeutes tricinctus) локално попознато како tatu-bola инаку животинче карактеристично за оваа држава. Тоа е ендемично за Бразил и е едно од двете останати живи наследници на овие неверојатно интересни праисториски животни. Спаѓа во групата на загрозени животни поради драстичнот пад во неговата популација.

Бразилската популација имаа можност преку интернет да гласаат за неговото име. Беа понудени три опции Амиџуби, Фулеко и Зузеко. Тримесечното гласање заврши, а повеќе од 1,7 милиони гласот го дадоа за Фулеко. Инаку името е кованица од “futebol” и “ecologia” се со цел да се делува на подигнување на еколошката свест меѓу народот.