Одржана трка на Титов врв

Викендов со учество на 45 натпреварувачи се одржа првото издание на трката Титов врв Скајрејс. 

Патеката на која се одржуваше оваа трка стартуваше од Попова Шапка а движеше по целиот гребен на Церипашина, Бакрдан и Титов врв. Враќањето беше по истата патека која во целост беше долга 20 километри со 1800 висински метри.

На трката учествуваа 44 натпреварувачи. Најдобри резултати во машка конкуренција остварија Александар Стојкоски 2:40:02, втор беше Марјан Бонев 2:46:00, а трет Александар Кирковски 2:48:13. 

Во женска конкуренција прва беше Мери Мирческа 3:50:10, втора Билјана Кираџиева 4:11:05, а трета заврши Елена Ртоска 4:53:50. 

Трката „Титов Врв Скајрејс” беше во организација на ПК Македон и истата претставува државно првенство во дисциплината скајранинг. 

Сите резултати тука

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија