Балканскиот првак и репрезентативец Абдурахим Идризи се врати од Сараево со два златни медали.

Две први места за Абдурахим Идризи во Босна

Во саботата на 01.06.2013 во Сараево, Босна и Херцеговина се одржa 14 тиот Традиционален карате фестивал – Денови на Нови Град 2013 во организација на општина Нови Град, Сараево.

Во саботата (01.06.2013) во Сараево, Босна и Херцеговина се одржа 14тиот ТРАДИЦИОНАЛЕН КАРАТЕ ФЕСТИВАЛ – „ДЕНОВИ НА НОВИ ГРАД 2013“ каде што учествуваа 520 натпреварувачи од земјите од поранешна Jугославија.

Освен домаќинот, Босна и Херцеговина, присутни беа натпреварувачи од Словенија, Хрватска, Црна Гора, Србија и Македонија. Карате клуб Форца беше единствен клуб од Македонија кој ја претставуваше државата.

Клубот учествуваше во најсилен состав во категориите до 14 години и имаше одличен настап. Меѓу четирите натпреварувачи од К.К Форца беше и младиот репрезентативец, балканскиот првак Абдурахим Идризи кој настапи во две дисциплини Кати и Борби во категодија на натпреварувачи родени 2001 година со тежина до 35кг. 

Идризи прво се натпреваруваше во кати каде покажа одлична демонстрација при изведбата и во финалето беше далеку поуспешен од претставникот на Босна, Ибрахим Шеќири победувајќи го со максимални 5:0.

Во борби, пак, приказната беше уште поубава. Во првото коло тој беше слободен, а во второто имаше борба со Армин Керич кој го доби со 5:0, а во третото имаше борба со Бајрич Ахмед кој беше совладан со 6:0.

Во финалето, Идризи се бореше со хрватскиот репрезентативец Роко Михалинец од Загреб каде Идризи докажа дека неслучајно е балкански првак и го совлада со 6:0. Така, младиот Абдурахим се закити со две златни медали.

Треба да се споменат и резултатите на останатите натпреварувачи од К.К Форца, како балканската првак во женска конкуренција, Сајра Морина беше прва во кумите 2001/ -42кг. и Усаме Бајрами кој освои бронза во кумите 2000/ -40.