Наслов

Одлични успеси на нашите борци на софискиот ММА и Граплинг турнир

Четворица македонски борци овој викенд достоинствено ја претставија нашата држава на турнирот во ММА и граплинг во Софија Pride FC, каде освоија три златни и три сребрени медали.  

Менка Стојаноска – во саботата во нејзината прва ММА борба во кариерата победи во финалната борба и освои златен медал, а во неделата во борбите во граплинг кои траеа 2 рунди по 10 минути и завршувањето на противникот беше само со зафат (не беше класично натпреварување на поени), победи 3 противнички и освои уште еден златен медал

Ристо Јанев – победи неколку противници во својата и апсолутна категорија и зема ЗЛАТЕН МЕДАЛ во неговата и СРЕБРЕН МЕДАЛ во апсолутна. Загуби во финалната борба во Апсолутна категорија во која беше преморан бидејќи предходно имаше неколку борби со многу малку време за одмор помеѓу борбите

Стефан Митров победи два противника и загуби во финалето – СРЕБРЕН МЕДАЛ

Александар Заткоски во својата прва ММА борба против поискусен противник ( 7 ММА борби и плав појас во бразилска џиу џица) извојува победа, а во финалето загуби на поени и освои СРЕБРЕН МЕДАЛ.

СЕКОЈА ЧЕСТ ЗА НАШИТЕ ПРЕДСТАВНИЦИ членови на „Д Стронгест – Македонија & РООТС БЏЏ Македонија“

29 Април 2014

За авторот