Одлични услови и голема посетеност на кампот за лавинска безбедност

Овој викенд на 16 и 17.01.2016 се одржа првиот од серијата отворени курсеви закажани за оваа зима од страна на „Македонскиот Камп за Лависка Безбедност” кој имаат за цел да го подигнат нивото на свесност и знаење за опасноста од лавините како природни феномени на сите оние кои имаат желба да спортуваат во планина во текот на зимата. 

Во текот на двата дена на Попова Шапка и во планинарксиот дом „Смрека” беа одржани повеќе активности преку кои присутните беа во можност да се стекнат со основно знаење за лавините, нивното создавање, потенцијалниот ризик кои тие го носат со себе, современите принципи и техники на безбедност кои денеска се користат за зголемување на нашата безбедност при движење во планина како и медицинскиот аспект т.е. прва помош за евентуалните настрадани при лавина. 

Овие неколку аспекти кои се од огромно значење за зголемување на нашата безбедност беа разработувани од страна на Костантин Циривири – македонски експерт за лавинологија кој обрна поголем аспект на самиот природен феномен наречен лавини и нивното настанување, Методи Чилиманов и Гоце Таневски кои го работеа делот на опрема и методи за спасување при лавина како и принципи на движење во вакви терени, а доктор Александар Манолев држеше повеќе предавања за првата помош при вакви ситуации. 

Дводневниот курс беше посетен од околу 60тина вљубеници на планините (планинари, скијачи, бордери, алпинисти итн.) и со ова се покажа дека македонската спортска јавност има желба да запознае што повеќе со елементите на безбедност во планините. На курсот сите имаа можност да ги слушнат предавањата и препораките на курсистите, но и на терен да се запознаат со основните елементи на опрема и знаење. 

Временските услови со обилните снежни врнежи како порачани го дополнија овој курс. 

Во текот на наредните месеци се спремаат и дополнителни вакви кампови. Останете во тек…

Сите фотографии погледнете ги ТУКА

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија