Одлични резултати за нашите претставници на Крешево 2015

Македонскиот тим се враќа со одлични резултати од третата трка од Отворениот Источно-Европски шампионат која се одржа во Крешево (БИХ).

Христиан Илиоски – Кико убедливо триумфираше во двете трки од најсилната класа МХ1, а Борче Костов – Жолтио и покрај повредата на два пати го освои 7то место во класата MXV!

Христиан Илиоски исто така го оствари најдоброто време во класата MXV на квалификациите. Тој ќе остане запишан во историјата како прв (и засега единствен) натпреварувач кој ја поминал патеката за помалку од 2 минути!
Задолжена за мерење на време и обработка на резултати беше екипата на Timing Solution Macedonia

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија