Од Тетово до Мека и Медина со велосипед – Вело-аџилакот на Сенад и Амир

Двајца млади тетовчани Сенад Идризи и Амир Аслани, водејќи се од личната желба одлучија патот до Хаџ 2018 да го направат достижен на поинаков начин возејќи велосипед. Нивната желба ќе се оствари со тоа што ќе се создаде вистински спој помеѓу спортот и велисипедизмот и фактот дека ќе патуваат за 40-50 дена до Саудиска Арабија се со цел да го извршат ритуалот на аџилакот им наметнува желба да се надминат себеси во велoсипедизмот.

Неколку месеци наназад се планира патувањето, меѓутоа, неколку години наназад се подготвуваат како психички така и физички за да можат да успеат во тоа што наумиле. Сепак не е се така едноставно. Слушаме и читаме приказни, од типот како околу светот за 80 дена, или патувања кои не се забораваат, сепак ова е на друго, поинакво ниво кое не секогаш би можело да се достигне.

За тие 40 – 50 дена ќе се патува според планирана рута низ три континенти, Европа, Азија и Африка и тоа – од Македонија преку Бугарија, Турција, Египет и на крај Саудиска Арабија поточно Мека.

Поголемиот дел од патувањето ќе се патува на велосипед, ќе се користат други преносни средства и тоа само траект кога е неопходно за да се изврши патувањето, од Турција до Египет поради безбедносни причини на Блискиот Исток.
Во Саудиска Арабија предвидено е да се престојува 20 дена после пристигнувањето, во Мека 10 и во Медина 10 дена каде и ќе се изврши аџискиот ритуал. После завршување на ритуалот за враќање е предвидено патувањето да са изврши со авион.


ОВДЕ ЌЕ ЧИТАТЕ ЗА ЕДЕН ПОИНАКОВ ВЕЛОАЏИЛАК ОКОЛУ МАКЕДОНИЈА


За сето ова патување да може да се изврши ќе се користи најсоодветна спортска опрема, потребна за велосипедизам како и се друго потребно од опрема за патување. Ќе има попатни паузи неопходни за успешно патување.

Информации за целото патување и сите работи во врска со истото ќе бидат објавувани редовно (според можноста) на нашата фб страна Hajj Ride 2018 и Инстаграм #hajjride2018 каде ќе може да бидат следени од пошироката јавност.

Сенад Идризи, дипломиран правник, спортист од негова 10та година, има постигнато црн појас во спортот од карате, лиценца за водич за планинарење на ниво на Република Македонија, и учесник на меѓународни натпревари по велосипедизам.

Амир Аслани, по професија е теолог, веќе неколку години се занимава со велесипедизам и планинарење и има учествувано на неколку тури и натпревари за велосипедизам.

Сенад и Амир тргнуваат на патувањето оваа сабота на 23.06.2018 од Тетово. Нашиот портал ќе го следи напредокот и ќе известува за двајцата тетовчани кон нивниот вело-аџилак.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија