Од Мичурин преку Хималаите и уште подалеку…

Никој не помисли дека ќе биде лесно, и можам да потврдам дека не е. Многу пати тешките моменти од ова патување ме натераа да потклекнам, мисли кои ми кажуваа дека е доста “до тука стигна и тоа е добро”. Но, нема да биде така.

Баш вчера запознав еден човек, тој е 73 години и се` уште патува околу светот, иако неговото тело секојпат му поставува повеќе лимити. Кога тој ја слушна нашата приказна, ни кажа дека тој го правел истото кога бил млад. Поминал преку 100 земји на најразличен начин. Кога тој се присеќаше на неговото минато му потекоа солзи. “Не застанувајте со ова никогаш, ова искуство ќе биде најубавото во вашиот живот” – ни кажа.

Од почетокот беше тешко, никој не веруваше кога едно младо девојче, родено во Мичурин, почна да раскажува дека ќе патува околу свет. Се борев напорно за економскиот проблем, но никогаш не го свртев грбот на мојот сон. Секогаш кога некој ми кажување дека е невозможно за мене да го направам тоа, сè повеќе сила ми даваше. И одозгора на сè со мотор. Светот е голем и шарен, па не сакам да го трансформирам во мал и црно бел, патувајќи со авион. Ќе уживам во него полека. Кога ги собравме парите потребни за моторот и за цел екипаж, дојде моментот да тргнеме, и светот не пречека со раширени раце.

20 држави, 28.000 километри и скоро една година помина од тогаш. Пола свет го поминавме, и сега е време да стигнеме назад дома од другата страна на светот. Не знаеш колку грешиш ако мислиш дека не вреди да се трудиш напорно за да го постигнеш она што навистина го сакаш. Да, тешко е, патувањето на мотор ти овозможува директно да се судриш со лоши временски услови, дожд, снег, минусни температури, топло… но никогаш немаше да можеме да уживаме во белите хоризонти на највисоките врвови на Памир, каде ги преживеавме најладните температури од -20 степени кога се чувствувавме замрзнати, никогаш нема да дознаев колку е поразлично зајдисонцето во јужниот дел на Казахстан ако не патував цел ден низ тој тежок песочен пат, ако некој ми каже дека не е ништо посебно ова зајдисонце од зајдисонцето на останатите места, верувајте ми, посебно е.

Искуствата се зголемуваат се повеќе и повеќе, а пред нас имаме уште континенти да ги видиме, Австралија и Америка( од север до југ) се наш иден план, ветувам нема да застанам. Патот е одличен факултет, каде учам многу работи.

Нешто што беше најпосебно за мене до сега, тоа беа луѓето. Без разлика на расата, верата, социјалната класа, каста, националност, секогаш бевме добредојдени. Во моментов ми доаѓаат пред очи стотици од ликови, но никогаш нема да го најдам правиот начин да им заблагодарам на секој од нив.

Иако овој проект нема спонзори, секој ден запознаваме некој кој ќе ни понуди вкусен ручек, кревет да преспиеме, или шоља топол чај…. некој кој сака да ни помогне, и кој нè турка да продолжиме да правиме уште километри. Исто така за мене е многу важна поддршката што ја добивам секојдневно од Македонија, луѓе кои не ги познавам лично, но преку facebook и на нашата веб страна ме следат и ми праќаат енергија да продолжам со патувањето.

До сите вас голема благодарност што сте со мене. Јас сум само едно девојче кое потекнува од мала држава која речиси никој не ја познава на овој свет, тоа можам да го забележам самата секаде каде што одам. Но, сега научив дека таа секогаш може да направи големи работи.

Без разлика дали сме богати или сиромашни, во истиот момент кога државата ќе ги отстрани негативностите и започне да работи напорно за сонот на луѓето, светот ќе почне да нè препознава, а ние ќе бидеме горди на тоа. Македонија повторно ќе биде видлива на мапата, и тогаш јас нема да мора секој пат да го вадам малото знаменце од мојот џеб или да им покажувам на мапата каде точно се наоѓа нашата земја.

Се надевам ви се допадна мојата мала приказна, и доколку сакате да го следите моето искуство следете ме на facebook: Around Gaia и на нашата веб страна: www.aroundgaia.com