Обука за SUP веслање

Наслов

Прва обука за инструктори во стоечко веслање во Македонија

SUP клубот Аква-Тера Скопје ја организира првата обука за SUP инструктори во Македонија.

Обуката е составена од 10 часа низ кои кандидатите ќе се стекат со основните знаења и вештини кој секој SUP инструктор треба да ги поседува како што се:

- Водење на обука и работа со група
- Безбедност на вода
- Познавање на опрема
- Практичнни елементи:
- Техники на веслање
- Техника на вртење
- Техника на поаѓање и запирање
- И многу други...

По завршената обука кандидатите што успешно ќе ја поминат обуката ќе добијат Лиценца L1 – ниво 1, "SUP Инструктор за мирни води" усогласена според ASI – Academy of Surfing Instructors + подарок изненадување од SUP клубот Аква-Тера.

Сите кандидати кои ќе изразат интерес и покажат добри резултати имаат можност да добијат и работен ангажман во активностите на Аква Тера.

Почеток на обуката: крај на месец септември, 2016 на локација во Скопје и Велешко Езеро.

Организаторот ја обезбедува потребната опрема, материјали и превоз до локациите.

Потребни квалификации за обуката:

- Над 18 години
- Пливачи
- Спортски дух

Рок за пријавување 20.09.2016 година.

За пријавување и дополнителни информации слободно контактирајте нè на info@aquaterra.mk или на 078 942 302 и 078 942 303.

02 Септември 2016

За авторот