Обид за веслање на цело македонско крајбрежје на Охридското Езеро

Овој викенд на 25.08.2018, Бојан Трајковски и Саше Ангеловски од Македонија ќе се впуштат во една интересна езерска кајак авантура во обид да го изминат целото охридско крајбрежје (на македонска територија) со кајак во еден ден. 

Планот на екипата е да се отиде во Охрид на 24 август (петок) со возило и со сета потребна опрема каде би се сместиле за преноќување. Следниот ден, рано наутро со старт од Радожда, Струга, планот е да се измине целото македонско крајбрежје на Охридското Езеро во еден ден, со финиш во Св. Наум. 

Дистанцата е грубо околу 40 километри, а стартот би бил во 6 часот наутро. Проекцијата за стигнување во Св. Наум е околу 17 часот попладне. Во текот на движењето, екипата ќе направи неколку попатни станици за одмор, истегнување, дополна на храна и течности. 

Посакуваме стабилни временски услови и добра авантура на екипата. 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија