Нуркањето е проклето добар спорт

Особено откако ќе најдеш ≈1 милион долари во шпански златници останати од некој бродолом. Среќа типов искусен па не се удави од возбуда. 

Се работи за потонат брод од шпанската кралска флота некаде пред 300 години во заливот на Флорида. Според историските податоци се верува дека бродот носел злато во приближен износ од денешни 400 милиони долари кои се уште лежат некаде на дното од заливот. 

Според MarketWatchместото на бродоломот е откриено од некоја локална фамилија Шмит која повикала нуркачи – ловци на богатство, кои имаат специјална дозвола за извлекување на богатствата на дното на морето кои потекнуваат од одредена флота, конкретно за шпанската флота 1715. 

Досега од ова наоѓалиште биле извлечени приближно 50 милиони долари богатство во форма на златници и синџири, но ова е најголемиот единечен улов, а најинтересниот факт е тоа што наоѓалиштео е на приближно 4,5 метри длабочина. 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија