Растрчани Дедомразовци низ новогодишно Скопје

Во недела на 27 декември се одржа Дедомразовска трка како дел од празничната предновогодишна програма на градот Скопје. За настанот во кој центарот на Скопје поцрвене со растрчани дедомразовци, се пријавија повеќе од четиристотини учесници.

Млади, стари, родители, дечиња, но и познати македонски атлетичари истрчаа 1,5 километри околу плоштадот Македонија за да ја испратат старата и д и посакаат добредојде на новата година.

Најбрзи дедомразовци за 2015 година беа:

Кај девојките, првото место и припадна на Марија Стојановска, второто на Рената Соколовска, а трета беше Марија Пеликон.

Кај машките победи Дарио Ивановски, втор е Атанас Анчевски, трет Игор Јакимовски.

Трката ја организира градот Скопје преку Конгресниот центар Александар Македонски и здружението Прв до врв, а нејзин главен поддржувач е Coca-Cola.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија