Наслов

Ново возило, нови предизвици... Иста животна филозофија

Конечно и по долгогодишна работа на нашиот нов проект пристигна моментот за да продолжиме повторно. Чудно е, но да се вратиме на пат се чувствуваме како да се враќаме дома.

Точно пред една година пристигнавме од Египет во Европа, тој ден оставивме зад нас 4 години патување со мотор околу целиот свет, и во нашиот ум имавме само еден план... да се вратиме што е можно поскоро.

За новиот проект избравме да патуваме со комбе 4x4. Многу луѓе можеби мислат дека за авантуристи како нас ова е лесна работа... но ние никогаш претходно не сме возеле возило на четири тркала, па прва задача беше да научиме како да го направиме тоа и Ману да добие возачка дозвола.

Минатиот октомври Ману отиде во Шпанија и успеа да положи за само една недела, мотивацијата беше дефинитивно многу важна. Неколку дена подоцна, пронајдовме на интернет дека во Барселона се продава класично комби 4x4 во не многу лоша состојба и на бензин (како што баравме), па само неколку дена откако Ману доби возачка дозвола, тој замина за Барселона, го купивме ова 30-годишно комбе и без искуство почнавме да патуваме накај Македонија. Потоа започна процесот за трансформирање на комбето, не да биде само наше возило за патување низ светот туку и наш дом, канцеларија, работилница, студио, па дури и театар. Тешка работа, но 3 компании од Македонија беа возбудени како што бевме и ние за нашиот нов проект и ни понудија помош за таа конверзија на комбето: Сервис Милошески работеше на екстериерот, Технокооп и Студио Контемпо за интериорот и Дог Секјурити ја реализира инсталацијата на електрична енергија. Можеби тие немаа големо искуство со ваков ист проект, но дефинитивно добија резултат што ќе ги импресионира сите низ целиот свет.

Во текот на сето ова време го работевме материјалот документиран од претходното патување (видеа, фотографии и дневници), пишувајќи за списанија, градење на нова веб-страница, поставување на платформи каде што ќе го споделиме нашиот нов проект, дизајнирање на пат и цели... И конечно дојде денот. Првата фаза ќе биде од Артик до Антартик. За неколку недели ќе го испратиме нашето комбе во Њујорк.

Дали сакате да патувате со нас?

www.aroundgaia.com
www.instagram.com/aroundgaia
www.facebook.com/aroundgaia

26 Март 2018

За авторот