Комерцијален текст

Наслов

НОВО! АНАЛИЗА НА ЕНЗИМСКИ АНТИОКСИДАТИВЕН СТАТУС ВО КРВТА!

ЕКСКЛУЗИВНО ВО Центарот за внатрешни болести СРЦЕ! АНАЛИЗА НА ЕНЗИМСКИ АНТИОКСИДАТИВЕН СТАТУС ВО КРВТА!

Дали знаете дека слободните радикали се еден од најголемите непријатели на Вашето здравје?

Прекумерното создавање на слободни радикали може да предизвика oксидативен стрес кој води до сериозни оштетувања на Вашите клетки. Тие оштетувања евентуално водат до појава на хронични болести – артериосклероза, канцер, дијабет, ревматоиден артрит, кардиоваскуларни заболувања, хронични воспаленија...

Дали знаете дека оксидативниот стрес може да придонесе кон забрзано стареење?

Дали знаете дека Вашиот организам поседува антиоксидативен систем кој треба да Ве заштити од слободните радикали?

  

На сите прашања досега одговоривте потврдно?

На следните нема да го знаете одговорот!

 

Дали знаете каков е статусот на Вашиот ендоген антиоксидативен систем?

Дали функционира на нивото неопходно за Ваше здравје и благосостојба?

Треба ли да го подобрите со терапија, правилна исхрана, суплементи?

Дали Ви се потребни дополнителни количини на витамини и минерали?

Кои витамини и минерали Ви се потребни?

Како влијаат врз статусот на Вашиот антиоксидативен систем: околината во која живеете, Вашиот стил на живот, навиките, диетата што ја применувате, терапијата што ја примате...?

Со задоволство ќе Ви помогнеме да го пронајдете одговорот на овие прашања. 

Во биохемиската лабораторија на Центарот за внатрешни болести СРЦЕ, ќе добиете точни и вредни информации за сопствениот ендоген антиоксидантен статус. Нашите анализи ќе Ви помогнат да донесете правилни одлуки и избори поврзани со земањето на суплементарна терапија.

Дозволете ни да Ви го илустрираме тоа преку еден пример: Болките во мускулите може да бидат многу непријатна појава. Една од причините за неа може да биде токму намалениот антиоксидативен статус. Ензимот суперосид дизмутазата (SOD) е најважниот инактиватор на супероксидните анјони (слободни радикали) во крвта и мускулите. Недостатокот на нејзина активност може да биде причина лесно да се заморувате и да чувствувате болки во мускулите.

Активноста на SOD од друга страна зависи од соодветни нивоа на цинк во организмот. Така, проверката на нејзината активност дава дополнителни индикации за потребата од суплементација со соодветни дози од други суплементи. Нашите анализи ќе Ви покажат каде точно треба да дејствувате. Несоодветната и прекумерната суплементација на антиоксидативни витамини и минерали може да има штетни последици врз Вашето здравје.

Дали би внесувале во организмот нешто што не Ви е неопходно?
 

Во грижата за скапоценото здравје, повеќе не е секогаш подобро, туку информираниот и паметен приод е најдобар.

                                                    Со почит, ПЗУ СРЦЕ

11 Декември 2015

За авторот