Наслов

Нова насока на Демир Капија-Чешит Мелем

Нова насока на Демир Капија (Чешит Мелем) искачена од Александар Зарапчиев, Методи Чилиманов и Maja Мухич во рамките на International Outdoor Festival Demir Kapija. Три должини, околу 150 / 160 метри, оцена VI+. Фантастичен и неочекуван провод. Насоката се наоѓа односно почнува на плочата помеѓу насоките 'Луда крава' и 'Три клина' односно најлево на ДемирКаписката карпа.

Панорама на карпата во Демир Капија

Во првата должина, кај првиот детал кој не испоти сите, плоча со многу малку за обезбедување, отворени хватишта, оцена ипол повеќе од што очекувавме..

Кога дава природата дава.. одлична карпа, со многу опции за осигурување - чисто!

Втората должина вистинско уживање, солидна компактна карпа, одлично за осигурување, но и уживање во супер двжења, без многу стрес како претходните 60 м.

Веќе радосни и среќни на второ сидриште, после првата 60 метарска должина..втората должина мелем и уживање

25 Мај 2015

За авторот