20,000 долари помош за Националните спортски федерации

Наслов

Нова финансиска помош од МОК за каратистите и одбојкарите

Македонскиот олимписки комитет за потребите на Карате федерацијата на Македонија (КФМ) и Одбојкарската федерација на Македонија (ОФМ), обезбеди 20,000 долари финансиска помош, средства кои се со директна намена за подготовки и учество на Европските првенства во 2017 година.

Овие финансиски средства ОФМ ќе ги искористи за покривање на трошоците поврзани со квалификациите за учество на ЕП 2017, додека КФМ овие финансии ќе ги искористи за подготовки и учество на нашите најдобри каратисти на Европското првенство кое треба да се одржи во Истанбул, во Мај 2017 година.

01 Декември 2016

За авторот