Нов женски рекорд во возење на велосипед околу светот

Минатата недела со финиш во Берлин, Џени Грахам од Шкотска успеа да постави нов женски рекорд во возење на велосипед околку светот.

38-годишната Грахам го започна нејзиниот обид на 16 јуни ова лето од Берлин, а со изминати 29600 километри низ 15 држави таа успеа да го заокружи светот и да го постави новиот женски рекорд во велосипедски пат околу светот. Џени пристигна повторно во Берлин (стартната точка) на 18 октомври оваа есен возејќи вкупно 124 дена или нешто повеќе од третина година во континуитет за да успее во подвигот. 

Таа започнува редовно да вози велосипед пред 14 години, а во последните 5 континуирано се подготвува за подвигот. „Љубопитна сум да дознаам што се” може да направам со моето тело и ум.” изјави пред да започне со обидот. 

Како е дефиниран рекордот? 

Бидејќи таа целеше кон исполнување на Гинисов рекорд (откаде се уште се чека одобрување) категоријата во која потпаѓа подвигот е „Најбрза жена која го заобиколи светот со велосипед”. 

Карактеристиките на подвигот спооред Гинис се следни: патувањето треба да биде со минимум 29000 километри извозени на велосипед, целосната километража (сосе трансфер) треба да ја надминува должината на Екваторот, а времето се смета без прекин (oд старт до финиш). Дополнително, имањето или немањето на логистика во текот на возењето не прави разлика. 

Сепак, идејата на Џени беше таа да го направи обидот целосно самостојно, односно без помош од дополнителна екипа за логистика.

Претходниот рекорд во истата категорија признат од Гинис беше во сопственост на Италијанката Паола Џаниоти изнесуваше 144 денови беше проследен со контроверзи откако и беше дозволена 4 месечна пауза поради повреда на пршлен која ја здоби во текот на возењето во сообраќајна незгода. 

Второто најдобро време, го држи Џулијана Буринг со извозени 152 денови во 2012 година, а оваа година таа ја отпоздрави и и го честита новиот рекорд на Џени преку објава на Твитер. 

Со ратификација на рекордот, Џени Грахам заедно со нејзиниот сограѓанин од Шкотска Марк Беамонт ќе станат најбрзите велосипедисти околку светот во машка и женска категорија. Марк успеа да го извози предизвикот за неверојатни 78 дена, но скоро во целост имаше поддршка од екипа 

Накратко, за да го постигне рекордот Џени мораше да вози во просек по 230 километри на ден по најразличен терен и временски услови низ зафрлени делови на Русија, Монголија, Австралија, Нов Зеланд и Канда. 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија