Нов снег на Маврово

Вчера Маврово и Бистра беа дополнително освежени со нови дваесетина сантиметри снег.

 

Денес времето е ведро, сончево, со слаб северо-источен ветар, се очекува да продолжи во текот на денот. Утринава на Маврово беа измерени -6°C , во рамките на туристичката населба паднаа 15 см, а на терените до 25 см нов снег. Сите патеки се подготвени. Во делот на стазите под жичниците треба да се внимава, има појава на ледени плочи и помалку снег од потребното ниво, бидете внимателни!