Месец на нови рекорди во Јосемити

Наслов

Нов рекорд на Ел Капитен

Во сабота, 9 нoeмври, Дејвид Алфри (David Аlfrey) и Алекс Хонолд (Аlex Нonnold) урнаа уште еден рекорд во Јосемитската долина, заедно со соло рекордот на Шин Лемп на „Salathé Wall" истата недела.

Алфри и Хонолд направија прво еднодневно искачување на „Excalibur" (A3, 5.8) на Ел Капитен за 16 часа и 10 минути, уривајќи го претходниот рекорд од 1998 година кој изнесуваше 39 часа и 1 минута и го поставија Вили Бенегас (Willie Benegas), Стив Шнајдер (Steve Schneider), и Андрес Зегерс (Andres Zegers). Искачувањето беше петтиот рекорд на Хонолд и осми брзински рекорд на Алфри.

„Екскалибур“ е насока во широки пукнатини во лево од „Salathé Wall“, што продолжува низ тенки технички цугови до големата клучна секција со тежина А3. Алфри успехот го припишува на систематското качување на наврската.

  • „Кога Алекс и јас качуваме заедно, негова задача е се движи на теренот за слободно качување најбрзо што може, а моја задача е најбрзо што може да ја извадам навската при техничко качување.“ вели Алфри.

Алфри и Хонолд ги менуаа водствата почесто од нормалното, при тоа успешно поставувајќи го побрзиот и поефикасниот качувач во водство.

  • „Качувањето во стилот во кој Алекс и јас се наврзавме навистина ни овозможува да качуваме брзо на насоки како „Екскалибур“, вели Алфри. „Алекс е брз, силен и смел слободен качувач... Не сака многу да се колеба... Имам сличен менталитет кога качувам технички: Гледам каде да поставам осигурување и ги гледам движењата, го правам то. Се чини дека најдовме систем во кој нашата наврска навистина функционира."

Неомври беше месец на уривање рекорди во Јосемити. На 11 ноември, Шин Лемп го направи второто еднодневно искачување на „Salathé Wall“ на Ел Кап за 20 часа и 6 минути, уривајќи го 21 година стариот брзински рекорд.

21 Ноември 2013

За авторот