Наслов

Нов (неофицијален) рекорд во брзинско качување

Човекот просечно трепка околу 15 пати во минута или на околу секои 4 секунди. Загледајте се уште една и пол секунда и сте го виделе новиот (неофицијален) рекорд во брзинско спортско качување. П.С. висината е стандард - 15 метри.

Чехот Либор Хоза е еден од најдобрите специјалисти за брзинско спортско качување кој го држи и официјалниот рекорд во оваа дисциплина поставен во август 2014 со време од 5.73 секунди. 

Овде го имаме истиот тој летечки пајак кој го руши својот рекорд за некоја стотинка, поточно на 5.57 секунди. Сепак, ова нема да се важи како официјален рекорд бидејќи правилата велат дека истиот се поставува единствено на официјални настани водени од интернационалната спортска федерација. 

29 Април 2015

За авторот