Најк слетува на месечината

Тимот на Nike во соработка со Bodega, денес оддава почит на Нил Армстронг и целиот тим, кој на 20 јули, пред 45 години, го направи оној „огромен скок за човештвото“.

Сега Nike со огромен скок за колекционерите и гиковите. Новите Nike Air Max Lunar90 “Moon Landing” се со принт од површината на месечината, бројни кратери и малку американски патриотизам на задната страна. Овој модел содржи и Lunarlon технологија т.е. еластична пена за добра поддршка на стапалата и поголем откочен ефект, па така освен што се лични, сигурно се и удобни за носење.

Овој модел од денес, 20ти јули, излегува во продажба по цена од 145 американски долари. 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија