Ако барате нешто необично летово

Некои нови, некои стари измислици од спортски активност, битно интересни, различни и далеку од досадни. Ако имате прилика, слободно пробајте се.

FlyBoard

Првично измислен од Френк Запата, Флајбордот работи на принцип на пропулзија на вода преку големо црево поврзано со џет ски кое ви овозможува да летате над и во вода. Според одредени фирми кои веќе имаат искуство со рентање на Флајбордот, луѓето ги совладуваат маневрите за помалку од пет минути.


Bossaball

Помеѓу 2003 и 2005, белгискиот екс-тенисер Филип Ејкманс го измислува концептот на Босабол, игра која комбинира елементи од гимнастика, фудбал и одбојка. 

Се игра на терен кој отскокнува, тимовите се составени од четири или пет играчи, а целта е топката да се испрати на противничкиот терен (да го допре теренот). При тоа се користат елементи од сите три горе наведени спортови. Значи дозволени се раце и одбојкарски удари, нозе и фудбалски, а бидејќи теренот отскокнува лесно е да се прави малку акробација. 


Octopush

Октопуш или подводен хокеј се развива во 1950тите во Англија. Во него, за должителна опрема е сет за снорклање, капче за ватерполо и „рекет“ во вид на шпатула. И се игра под вода бидејќи пакот е потонат на дното, а целта е да се даде гол на противниците.


Hard Court Bike Polo

Нешто што би можело да се нарече урбано поло. Hard court Bike Polo инаку се вика играта каде што коњите се заменети со точаци, а теренот не е мека трева, туку цемент. Другото е скоро исто, а боди контактот е дозволен.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија