Нема веќе компир

Поради проста причина што обичните 3 за 100 или уште полошо 6 за 100 чорапи не се доволно добри, поготово за трчање, еве нешто ново, квалитетно, удобно и во фунти изразено.

RunBreeze е компанија специјализирана за производство на чорапи, облека и сите други останати акцесорни елементи за трчање. Според нив одбирањето на правилен чорап што ќе ве дружи на трчање е важен елемент од целокупното спремање за џогирање на кој скоро никој од нас не обрнува ниту најмало внимание. Тука се во право. Чорапите навистина се заборавениот алат на трчањето!

Затоа тие нудат неколку квалитетни (се гледа по цената) пара на чорапи. Имаат анти-плускавец чорап, лесен чорап, чорап со перниче и други, а на нивната веб страна имаат фино дизајниран калкулатор преку кој можете лесно да си го изберете вашиот тип во зависност од теренот на кој трчате и факторот плускавец.

Еве од каде им кованицата runbreeze.

И одеднаш заврши ерата на ефтиниот чорап и сите си купија вакви од 8 фунти за пар!