Нема средина, или си дебел или си неухранет

Не е баш лесно да живееш во земја која е во развој. Ако си дебел ќе продолжиш да се дебелееш, а ако си неухранет ќе си останеш таков, нема средно.

Резултатите што ги покажа студијата на Харвардската школа за јавно здравје покажува дека луѓето од земјите во развој како Бангладеш, Гватемала, Кенија, Перу и Турција рапидно се дебелеат, додека оние што пред тоа биле неухранети немаат намера да се поправат.

Логично е дека како што државата економски расте, мнозинството на неухранети луѓе треба да накачат некое кило и да се префрлат во групата на просечен БМИ, но студијата го покажува токму спротивното. Токму луѓето кои биле со просечен БМИ се тие што ги снемува.

Во Америка пак проблемот е сосема друга приказна. Таму со осиромашувањето се зголемува шансата човек да стане подебел.

Според водичот на студијата, Фахад Разак, проблемот ќе претставува голем предизвик за владите и јавното здравство во овие држави. Според него, властите ќе треба да ги балансираат приоритетите помеѓу здравствените препораки кои треба да се однесуваат на неухранетата популација, која патем е посиромашна и према оние подебелите кои спаѓаат во средната или богатата класа.