Не пумпај за џабе

На дечкиве толку им се здосадило рачно да пумпаат гуми што полесно им било да извадат иновација која ќе ги спаси од напрегањето на рацете при пумпање. Тие измислуваат гума која не може да се класифицира ни како пневматик.

Американската компанија Britek од Колорадо, го претстави својот најнов изум, велосипедски гуми без воздух. Основачот на компанијата Брајан Расел тврди дека велосипедите, особено оние за планина, можат да се движат со помош на тркала кои создаваат отпор со компресирање, односно се прилагодуваат на површината. Иако се уште не е позната трајноста на една ваква гума, напрегањата што може да ги издржи и максималната брзина која може да се вози без оштетувања, ова претставува добра вест за сите велосипедисти.

Технологијата на гуми кои наместо воздух имаат инкорпорирано флексибилна внатрешна матрица не е ништо ново, затоа што во изминатите неколку години имаше вакви прототипи од Michelin, Amerityre, Goodyear и Bridgestone. И Britek досега има произведено гуми познати како Energy Return Wheel, но наменети за автомобили. Новина за компанијата е што отиде чекор понапред и произведе прототип од истите гуми наменети за планински велосипеди.

 Доколку овој производ се пробие на пазарот, бизнисот за пумпи и лепенки може да е на раб на колапс!