Македонија со пласман во финалето на Јадрански игри 2015
Македонија го освои третото место во полуфиналната фаза од Јадранските игри во Ријека и се пласира во финалето кое ќе се одржи во Биоград на Мору. Јадранските игри се спортско забавна манифестација која се одвива во летните месеци низ повеќе градови на јадранскиот брег со што се зголемува туристичката понуда како и дружењето помеѓу спортисти од различни градови и земји во регионот.