Наслов

Наши кик бокс претставници на ,,ХРВАТСКА ОПЕН“

Македонските кик боксери овој викенд ќе настапат на Светскиот куп ,,Хрватска опен " кој ќе се оддржи во Макарска од 12-14.12.2014 год

Тимот ќе ги предводи искусниот Димитар Ѓеорѓиев -79кг. кој ќе настапи во кик лајт дисциплината член на клубот ,,Гладијатор " од Неготино.

Кадети претставници од Штипскиот клуб ,, Гладијатор " кои ќе настапат се :

 

  • Кристијан Корпашев – 55кг поинт фајт
  • Ѓоше Ѓошев -50кг лајт контакт
  • Божидар Јанков- 60кг лајт контакт
  • Викторија Варадинова -60кг лајт контакт
  • Јована Арсова -55кг лајт контакт

 

Тренерот Кирил Нацев и неговиот помошник Павле Георгиев се задоволни од спремноста на кик боксерите и се надеваат на успеси и медали на младите кадети.

13 Декември 2014

За авторот