Нашата БЏЏ репрезентација патува за Србија Опен 2014

Оваа сабота на 25.10.2014 нашите репрезентативци во бразилска џиу џица ќе се натпреваруваат на еден од најсилните турнири во бразилска џиу џица “Serbia BJJ Open 2014” во организација на Српската Федерација за БЏЏ.

Оваа сабота нашите репрезентативци во бразилска џиу џица, членови на нашиот најтрофеен клуб за БЏЏ „Д Стронгест & Рутс“ на чело со претседателот на Македонската Федерација за БЏЏ и селектор Ивица Алексовски ќе се натпреваруваат на еден од најсилните турнири во бразилска џиу џица “Serbia BJJ Open 2014” во организација на Српската Федерација за БЏЏ.

Поради финансиски потешкотии нашиот тим ќе одпатува само со 4 натпреварувачи, но како што ни изјави селекторот сигурно ќе се вратиме со повеќе медали.

Александар Заткоски и Бојан Диков ќе не претстават во борбите во категоријата за плави појаси и доколку обезбедат пласман се надеваме дека ќе обезбедат учество во апсолутната категорија, а Стефан Пецевски и Никола Костадиновски ќе не претстават во категориите за бели појаси.

На турнирот досега на минатогодишните турнири учествуваа многу тимови од повеќе држави како од Балканот, така и од Европа.

Да Ве подсетиме дека тимот на „`Д Стронгест“ минатата 2013 година беше прогласен за НАЈДОБАР ТИМ на турнирот со освоени највеќе поени во екипна конкуренција.

Минатогодишните резултати можете да ги видите на следниов линк