Највисоката трка со коњи
Најпосакуваната дестинација за пасионираните планинари и алпинисти секогаш ќе бидат врвовите Чомулунгма, Нанга Парбат, К2, но ако сакате да бидете сведок на трка со коњи и да останете подолу од врвовите барем за кратко, тогаш подгответе си ги трекинг чевлите и планирајте го своето патување во Горна Долпа Непал.
Хималаите освен што изненадуваат со својата грандиозност, енергија и пејзажи тие ги имаат и своите домаќини кој секогаш ќе ви го задржат вниманието и ќе изнудат насмевка од секого.
Во Горна Долпа на надморска височина од 4 300 метри веќе 8 векови се одржува традиционална трка со коњи на која земаат учество мажи од локалните кланови кој живеат во околните села и монасите од околните манастири.
Повод за целиот настан е фестивалот Shey Dragon на кој се собира локалното население и 50-тина храбри јавачи.
Патеката е долга 1,6 километри и претставува вистински предизвик, начичкана со остри камења и свиоци кои ја прави оваа трка опасна дури за искусните јавачи. Овогодишниот победник е фармерот Тензин Гурунг кој има 23 години.